Сетјен искусно избегна да одговори на прашање за Лаутаро Мартинес

Најактуелна трансфер сага за претстојниот преоден рок е преселбата на Лаутаро Мартинес во Барселона. Каталонците ќе издвојуваат голем дел од буџетот за ангажмани, ако не и целиот за да го доведат одличниот аргентински голгетер на Интер.

Веќе со недели се шират шпекулации и наводни пакет-понуди кои Нераѕурите ги одбија со цел да добијат во кеш 111 милиони евра, колку што изнесува клаузулата на Лаутаро. Во интерврју за „Мовистар“, тренерот Сетјен го прашаа дали сака да го види Мартинес на „Камп ноу“, а предвоникот на Барса искусно избегна да даде конкретен одговор.

„Ми се допаѓаат сите одлични фудбалери, но преферирам да не зборувам за играчи кои не се дел од Барселона“, рече Сетјен.

Познато е и дека самиот Аргентинец сонува да го облече дресот на Каталонците и да заигра покрај сонародникот Меси, а со евентуален ангажман на Лаутаро, Барселона ќе добие долгорочна замена за веќе ветеранот Луис Суарес.

- Оглас -

Најнови вести