27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Сетјен со разни игри се обидува да ја релаксира напнатоста во Барселона (Видео)

Екипата на Барселона пред утрешното гостување кај Атлетик Билбао е преокупирана со исходот од состанокот на претседателот Бартомеу со спортскиот директор Ерик Абидал, па затоа тренерот Кике Сетјен реши да ја релаксира атмосферата со тоа што ќе „измисли“ разни игри пред почетокот на тренингот. Повеќето играчи на тренинг дојдоа со сериозни ликови, но потоа почнаа да се смеат.

Синоќа играа „одбојка со нога“, па веројатно и тоа е една од идеите на Сетјен како да се создаде заедништво. Се шпекулира дека француските фудбалери се жалеле кај нивниот сонародник Абидал дека тимот тренира малку, но проблемот е што против нивното мислење е главната ѕвезда. Меси побара да биде кажано кои играчи се незадоволни.

Можно е Абидал денеска да добие отказ бидејќи за Барса приоритет е Меси и негово останување во клубот до крајот на кариерата.

- Оглас -

Најнови вести