Севиља ја пронајде замената за Боно, голманот на Лајпциг пристигна во Андалузија (Фото)

Голманот на репрезентацијата на Норвешка, Орјан Ниланд, е замената за Боно во Севиља. Мароканскиот голман одлучи кариерата да ја продолжи во Ал-Хилал, па клубот од Андалузија најде ефтино решение за испразнетата позиција.

Ниланд доаѓа како слободен фудбалер од екипата на Лајпциг, а долго се шпекулираше дека Севиља сака да го ангажира Ливаковиќ од Динамо, но побарувањата на клубот од Загреб беа превисоки со оглед на лошата финансиска состојба на освојувувачо на Лигата на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести