Севиља нема да го брани трофејот од Лигата на Европа, реми на Арсенал и ПСВ (Видео)

Екипата на Севиља е елиминирана од европските фудбалски купови и нема да има можност да го брани трофејот од Лигата на Европа, кој го освои минатата сезона. Андалузијците вечерва се поразени од екипата на Ленс со 2-1, а за да завршат на третата позиција и да продолжат во второто по ранг натпреварување им беше потребна само победа.

Ленс поведе преку Франковски од пенал во 63-тата минута, а Севиља израмни преку Рамос во 79-тата минута, исто така од пенал. На крајор Севиља тргна на се или ништо и прими погодок во 96-тата минута.

На вториот натпревар од групата “Б“ екипите на ПСВ Ајдховен и Арсенал одиграа нерешено, 1-1, резултат кој не менува ништо на табелата. Арсенал е првопласиран, а ПСВ завршува како втор и минува во осминафиналето од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести