Севилја е опасно „напалена“ за финалето, врие андалузиската крв (Видео)

Севилја вечерва во Келн оди по својата шеста титула во Лигата на Европа, има серија од 20 меча без пораз, но нема да им биде лесно бидејќи од другата страна ќе биде италијанскиот Интер, кој е дури и фаворит за триумф според повеќето аналитичари и според квотите во обложувалниците.

Андалузијците најавуваат дека ќе бидат максимално мотивирани и „напалени“ за дуелот со Интер, а доказ е и снимка од соблекувалната на Севилја. Тренерот Хулен Лопетеги на играчите им вели дека заслужено се во финалето и потоа почнува шоуто. Лопетеги гласно прашува: „Што ќе направиме во финалето?“, и следува одговор: „Ќе победимеее“, по што сите викаат колку што ги држи гласот, аплаудираат или скокаат.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести