Севилја го продаде напаѓачот кој одигра само 24 минути во Ла Лига

Севилја го продаде напаѓачот Мунас Дабур, Израелецот ја напушти Андалузија откако ги договори условите за трансфер во Хофенхајм. Андалузијците во обид да повратат барем дел од 15-те милиони евра кои ги потрошија минатото лето за поранешниот голгетер на Салцбург, ја прифатија понудата од 11 милиони евра од бундеслигашот.

Дабур беше најавен како големо засилување за Севилја во летната реконструкција на тимот, меѓутоа воопшто не ги оправда средствата. Запиша само 24 минути во Ла Лига, додека повеќе шанса добиваше во Лигата на Европа.

Севилја напоредно работи на ангажман на Маријано Дијас од Реал Мадрид, кој би требало да пристигне на позајмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести