Севилја и Јунајтед пак може да одиграат меч со 3+ голови

6021 Спортинг – Јувентус (21.00 часот)

Јуве брани предност од 1-0 од првиот меч во Торино. Спортинг во финишот имаше 100 отстотна шанса да изедначи, но не ја искористи, па ќе треба дома да даде два гола за да го елиминира гигантот. Старата дама викендов загуби против Сасуоло, а киксираше и Спортинг, кој одигра само нерешено со Арука. Јуве цели седум месеци нема играно нерешено на гостински терен, а вечерва би биле задоволни со реми.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.70)

 

6022 Ројал Унион – Б. Леверкузен (21.00 часот)

Во претходното елиминациско коло на ЛЕ, Ројал Унион го елиминира Унион Берлин, сега ќе проба да го повтори тоа против Фармацевтите. Првиот дуел во Германија заврши нерешено 1-1, па вечерва на реваншот во Белгија мора да има победник, макар и по 120 минути игра или на пенали. Ројал Унион е тим кој на последните пет меча и дава и прима гол и игра мечеви со 2-3 гола. На двата тима последните лигашки порази им беа во февруари.

Предлог тип: ГГ (1.70)

 

6023 Севилја – Манчестер ј. (21.00 часот)

Англичаните никако не може да бидат задоволни од резултатот на првиот меч кој заврши 2-2, а Јунајтед според секоја логика, требаше да победи. Но, двата автогола во финишот придонесоа Црвените ѓаволи да одат по потешкиот пат до полуфиналето. Севилја е најтрофеен клуб според пехарите во Лигата на Европа и тоа во комбинација со жешката домашна публика, може да им бидат адути против фаворитот. За гостите хендикеп е неиграњето на суспендираниот Бруно Фернандеш, а Манчестер никогаш не ја победил Севилја.

Предлог тип: 1+I& 3+ (2.05)

 

6024 Рома – Феенорд (21.00 часот)

Холандскиот тим славеше со 1-0 на првиот меч, па вечерва Рома ќе има незгодна задача, но не и пречка која не може да се прескокне. Волчицата викендов во Серија А го совлада Удинезе со 3-0 и тоа е резултат кој ако го повторат вечерва, ќе се пласираат во полуфиналето на Лигата на Европа. Рома и Феенорд се тимови кои ретко играат нерешено, имаат само по едно реми на последните десет настапи во сите натпреварувања. Феенорд двапати гостувал кај Рома и тоа беа мечеви со 0-2 гола. Феенорд е опасен гостин, на гости не знаат за пораз уште од средината на декември.

Предлог тип: 12 I & 1-2 II (2.80)

 

6728 Вест хем – Гент (21.00 часот)

Чеканите од Лондон се фаворити за пласман во полуфиналето на Конференциската лига, ремито од 1-1 на гостувањето во Белгија им дава добри шанси на Англичаните да одат понатаму, но ќе треба дома да победат против Гент. На Вест хем не му оди во Премиер лигата, ова може да им биде утеха и да им донесе задоволство на фановите. Гент во минатата рунда го исфрли Башакшехир, и тоа со убедлива победа во Истанбул, со што покажа дека е незгоден гостин.

Предлог тип: Т1 1+ пол. (1.74)

- Оглас -

Најнови вести