Ако го знаете просекот на погодоци на последните 24 меча меѓу Севилја и Барселона, јасно е што треба да одиграте!

Севилја на свој терен нема да има поддршка од навивачите, но секако е голема опасност за Барселона. Дуелот кој може да реши многу енигми околу шампионската титула се игра вечерва на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“. Влогот за двата тима е голем.

Севилја се обидува да остане на третото место и да биде безбедна кога се работи за влез во Лигата на шампиони за следната сезона, додека Барселона не смее да киксне ако сака да биде сигурен лидер и по ова коло во Примера. Севилја сезонава дома игра променливо па победи на седум од 14 дуели.

Како една од главните опасности за голот на Барселона се наведува холандскиот интернационалец Лук де Јонг. Се работи за корпулентен напаѓач кој го споредуваат со Един Џеко. Фактот дека Де Јонг е висок и цврст во дуел играта, може да донесе дополнителни проблеми за одбраната на Барселона.

Кога играат овие две екипи, головите се загарантирани. На последните 24 меѓусебни средби секогаш имало барем по два гола. Во овој период од последни осум години, на средбите на Севилја и Барселона вкупно имало 97 погодоци, односно просек од 4 погодци на меч во последните 24 меѓусебни дуели.

 

- Оглас -

Најнови вести