Севилја не попушта, дојде на три бода од Атлетико

Севилја славеше на тешкото гостување кај Реал Сосиедад со 2-1, и остана во трка за шампионската титула во шпанската лига. Севилја има три бода негатива во однос на Атлетико Мадрид, а Атлетико има и еден меч помалку.

Баскискиот тим поведе во петта минута, но андалузијците за само 94 секунди, од 22-ра до 24-та минута дадоа два гола. Фернандо десет месеци немаше дадено гол, а сега две кола по ред погодува, и ја одржува Севилја во битка за титулата. Ел Несири има 16 гола сезонава.

Важна победа во битката за опстанок извојува Осасуна која го надигра Елче со 2-0. Осасуна нема примено гол на четири од последните пет меча.

- Оглас -

Најнови вести