Севилја плати три милиони евра за да се засили со Корона

Шпанскиот тим Севилја во своите редови го носи Хесус Корона од Порто. Според португалскиот весник „Рекорд“, Севилја веќе постигнала договор да плати три милиони евра за да го добие играчот на Порто. Корона со Севилја потпиша договор до јуни 2025 година.

Договорот на Корона со Порто истекуваше на крајот од оваа сезона и доколку клубот не решеше да го продаде, мексиканскиот репрезентативец во летниот преоден рок ќе можеше да си замине без никаква оштета.

Корона во Порто беше од 2015 година, а претходно ги има носено дресовите на Монтереј и Твенте. За репрезентацијата на Мексико има 63 настапи и 10 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести