Севилја „се одјави“ со Чичарито

Севилја е активна и во последниот ден од преодниок рок, како што беше во текот на целото лето. За крај и комплетирање на трансформацијата, во составот пристигна Хавиер Ернандес, или попознат како Чичарито. Андалузијците исплатија речиси осум милиони евра на Вест хем за услугите на мексиканскиот голгетер.

Поранешниот голгетер на Манчестер јунајтед и Баер Леверкузен потпиша тригодишен договор со екипата од „Рамон Санчес Писхуан“, додека по вторпат во кариерата ќе игра во шпанската Ла Лига, откако во сезоната 2014/15 беше на позајмица во Реал Мадрид.

Овој ангажман би требало да биде последен за Севилја во овој трансфер-прозорец. Цело лето спортскиот директор беше активен на пазарот, а Чичарито е 15-та аквизиција, додека вкупно 17 играчи го напуштија тимот, некои целосно, а некои само на позајмица.

https://twitter.com/SevillaFC/status/1168464388837261312

- Оглас -

Најнови вести