Севилја се засили со напаѓачот на Манчестер јунајтед

Екипите на Севилја и Манчестер јунајтед постигнаа договор за позајмица на Ентони Марсијал. Напаѓачот кој шест и пол години го носеше дресот на Црвените ѓаволи, во следните шест месеци ќе игра за шпанскиот тим.

Марсијал во Манчестер одигра 269 мечеви и постигна 79 голови, но сезонава одигра само 11 меча, во кои даде еден погодок, па затоа и е даден на позајмица.

Севилја сезонава игра одлично и по 22 меча е на второто место на табелата само со четири бода помалку од лидерот Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести