Сезоната во Лигата на шампионите раскажана во 140 секунди (видео)

Со нетрпение се чека сабота, денот кога Ливерпул и Тотенхем ќе ги одмерат силите во финалето од Лигата на шампионите, а Европа ќе добие нов владетел. На 1 јуни во Мадрид, на стадионот „Ванда Метрополитано“ се очекува спектакл меѓу двете англиски екипи, дуел во кој фаворитската улога им припадна на Црвените од Мерсисајд.

Од вкупно 32 екипи кои започнаа од групната фаза, Ливерпул и Тотенхем се истакнаа како најсилни оваа сезона и сосема заслужено ќе се борат за најпрестижниот клупски пехар. Црвените истиот го кренале петпати во својата историја, додека Петлите од Лондон за првпат ќе се појават во едно големо континентално финале.

Севкупно гледано, ова беше една од најинтересните сезони во Лигата на шампионите, незаборавен ќе биде подвигот на Ајакс против сè уште актуелниот шампион Реал Мадрид, како и против Јувентус. Ќе се памети хет-трикот на Кристијано Роналдо во реваншот од осминафиналето против Атлетико Мадрид, но најголем впечаток остави полуфиналниот мегадуел меѓу Ливерпул и Барселона на „Енфилд“, во кој избраниците на Јирген Клоп со 4-0 остварија неверојатен пресврт и го елиминираа шпанскиот првак, иако по првиот меч имаа три гола негатива.

Ова се најдобрите моменти од сезоната 2018/19 во ЛШ, раскажани во 140 секунди.

- Оглас -

Најнови вести