Сезоната во НБА ќе продолжи со скратен календар?

Раководството на НБА-лигата размислува да го скрати регуларниот дел од сезоната 2019/20 само на 70 натпревари, 12 помалку од вообичаениот формат, како услов првенството да продолжи во јули. Голем дел од екипите веќе одиграа 65 меча, а со доигрување на пет натпревари ќе може да им се даде шанса на конкурентите да се борат за преостанатите места во разигрувањата.

Доколку нема услови за продолжување на сезоната во јули, лигата ќе биде принудена во август да ја доигра сезоната почнувајќи директно со фазата на плејофот, известуваат одредени американски медиуми.

Како што е веќе познато, актуелната сезона во НБА-лигата се прекина на 15 март, откако се потврди присутност на ковид-19 кај ценатрот на Јута џез, Руди Гобер.

- Оглас -

Најнови вести