Сезоната во португалската Примера тргна со проектил од 30 метри (видео)

Португалската Примера лига го дочека рестартот на сезоната, а уште во првиот натпревар од 25-тото коло се постигна еврогол кој ќе претендира за најдобар во сезоната.

Портимоненсе оствари минимална победа од 1-0 против Жил Висенте благодарение на проектилот на Лукас Фернандес во 49-тата минута. Неговиот фанстастичен удар од околу 30 метри далечина го зацементира противничкиот голман во место и ги израдува домаќините кои се борат за опстанок.

Портимоненсе го запиша само третиот триумф сезонава, по кој има 19 бода и стои на претпоследното место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести