Сезоната во Шпанија ќе почне со гостинска победа

1301 Осасуна – Севилја (21 часот)

Севилја треба да триумфира на стартот од новата сезона во Ла Лига како фаворит во дуелот против домаќинот Осасуна.

Иако тренерот Лопетеги нема да смета на новата ѕвезда Иско, како и клучните Сусо, Маркао и Мунир, сепак гостите од Андалузија имаат позитивен скор на ваквите гостувања и треба да го продолжат трендот.

Севилја славеше на три од последните пет гостувања кај Осасуна, се паметат и две ремија, а во секоја од победите постигнувала барем по два гола.

Предлог тип: 2 (2.55)

 

1801 Фрајбург – Борусија Дортмунд (20:30 часот)

Милионерите делуваат разиграно по двата официјални меча во новата сезона. Триумфираа сигурно во првото коло од Купот, а потоа минимално го добија дербито против Леверкузен во премиерното коло од Бундеслигата.

Дортмунд ќе сака да го одржи трендот и во овој меч да слави без примен гол, односно да ја прекине негативната низа од три години без победа кај Фрајбург. Домаќините со идентични 2-1 ги надигруваа Милионерите, се памети и реми од 2-2, што е само знак дека и вечерва ќе се полнат мрежите.

Предлог тип: X2 & 2-5 (1.84)

 

1701 Нант – Лил (21 часот)

Нант е противник кој им „лежи“ на Данските доги и веќе седум години не знаат за победа над шампионот на Франција од сезоната 2020/21. Лил редовно освојува бодови против оваа екипа, запиша четири победи во последните пет меѓусебни средби, од кои три се на гостински терен.

Во тие победи Лил нема примено гол, двапати славеше со 1-0 и еднаш со 2-0. Нант прво треба да го скрши малерот да забие против Лил, а дури потоа да се потруди да стави крај на агонијата, што е тешко веројатно.

Предлог тип: X2 & 2+ (1.95)

 

2802 Копенахген – Рандерс (21 часот)

Данскиот првак не ја почна сезоната како што планираше. Од можни 12 бода, освои само половина, загуби два меча и вечерва го пречекува тимот кој по четири кола е без пораз, но само со еден триумф и три ремија.

Рандерс е незгоден противник за Копенхаген, славеше двапати на последните пет гостувања на стадионот „Паркен“ сметајќи го и последниот меѓусебен дуел од април годинава.

Само еднаш во последните пет меѓусебни дуели немало повеќе од два гола, па како алтернатива да не се бара победник во дуелот подобро е да се типува на голови.

Предлог тип: 3+ (1.60)

 

1011 Ватфорд – Барнли (21 часот)

Екипите кои лани го загубија премиерлигашкиот статус, тргнаа со идентичен учинок по две кола во Чемпионшип лигата со по една победа и едно реми. Идентичен им е и голгетерскиот учинок, постигнаа по два, а примија по еден гол. Дали е ова знак дека Ватфорд и Барнли атакуваат на експресен камбек во англиската елита, ќе се знае подоцна во сезоната.

Ако се гледаат минатите дуели од Премиер лигата, Барнли е во подобра ситуација и славеше со 2-1 и 3-0 на последните две гостување на „Викарејџ роуд“, резултати кои им даваат надеж на фудбалерите предводени од Винсан Компани дека и вечерва ќе ги освојат трите бода.

Ватфорд последен пат се радуваше на триумф во септември 2018 година, а оттогаш во четири наврати е без успех да ја затресе мрежата на Барнли.

Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.51)

- Оглас -

Најнови вести