Сезонски хет-трик за Мајами против Јастребите

Мајами хит – Атланта хокс (кошарка, НБА, 02.00 часот)

Хит сезонава веќе извојува две победи против Хокс, па оди на хет-трик. Но, тоа беа мечеви во октомври, Атланта на двата меча против Мајами даваше по 97 поени. Тре Јанг тогаш се повреди на првиот, па не играше на вториот дуел, а сега е здрав и во добра форма. Јанг на последните осум меча има просек од 34,4 поени по натпревар, па сметаме дека ќе биде ефикасен, но нема да може да спречи пораз на неговиот тим.

Предлог тип: Тре Јанг >27.5 (1.75)

 

Филаделфија севентисиксерс – Денвер нагетс (кошарка, НБА, 02.00 часот)

Филаделфија не знае за пораз сезонава на домашен терен, во својата сала има перфектни 12-0. Денвер ја совлада Филаделфија дома, во „Пепси центарот“, но сега Грутките не се во добра форма, имаат четири порази на последните пет меча. И Сиксерс и Нагетс се четврти на табелата во своите конференции. Денвер пред три години последен пат се радуваше во „Велс Фарго центарот“. Денвер е тим со најмалку примени поени во лигата, но границата од 202,5 поени не е превисока и може да биде надмината.

Предлог тип: >202.50 (1.72)

 

Портланд трејлблејзерс – Њујорк никс (кошарка, НБА, 04.00 часот)

Њујорк е најслаб тим во лигата, има девет порази по ред, а Мајк Милер ја брка првата победа како привремен тренер на Никс. Последната победа на Њујорк беше на 18 ноември, а гостувањето во Портланд им е прво од четирите само во шест дена. Блејзерс е едно од разочарувањата сезона, го ангажираа и Кармело Ентони. Портланд има пет победи по ред во дуелите со Њујорк, а дома на последните четири пресметки со вечерашниот гостин даваа 110 или 111 поени.

Предлог тип: Т1 <114.50 (1.88)

 

Флорида пантерс – Тампа Беј лајтнинг (хокеј, НХЛ, 01.00 часот)

Ова е соседско дерби на два тима од сојузната држава Флорида и не им е баш сеедно кој ќе триумфира. Ова се тимови со ефикасни напади, даваат над 3,5 голови по меч, па статистички тука треба да има барем седум голови. Последните два дуели им беа на стартот на сезоната, двата тима победија по еднаш и на двата меча паднаа по седум гола. Пантерите дома имаат два порази, но и Молњите на гости имаат само два порази.

Предлог тип: <6.50 (1.75)

 

Бафало сејбрс – Сент Луис блус (хокеј, НХЛ, 01.30 часот)

Бафало е многу опасен на домашен терен, а се враќаат дома по серијата од три гостувања. Сент Луис е лидер во својата конференција, но првпат сезонава има два порази по ред, па му треба победа за задржување на чело на табелата. Проблем за Блус се повредените играчи, а имаат и лоша реализација со играч повеќе на мразот. Сепак, типуваме на победа на гостите против Бафало, кој има три нерешени во последните пет меча.

Предлог тип: 2 (2.15)

- Оглас -

Најнови вести