Сезонските билети за домашните европски мечеви на Еурофарм Пелистер ќе чинат 1.000 денари

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја извести јавноста, своите приврзаници, симпатизери и навивачи, дека од утре, сабота 9 октомври, започнува претпродажбата на сезонски билети за домашните натпревари во групната фаза на ЕХФ Лига Европа.

„Сите пет домашни натпревари од групата Д може да се набават во следните седум дена по цена од 1.000 денари на следните продажни места:

– БРОДЕРС ТОБАКО

– ДИМПО ТОБАКО

– На веб страницата www.kartieurofarm.mk

Можност за подигнување на билети имаат љубителите на ракометот со:

– вакцинален сертификат

– потврда за примена најмалку прва вакцина

– потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на излегување од карантин

Домашни натпревари во ЕХФ Лига Европа на Еурофарм Пелистер во групната фаза:

19.10.2021 – Еурофарм Пелистер – Ним

23.11.2021 – Еурофарм Пелистер – Татабања

07.12.2021 – Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон

22.02.2022 – Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен

08.03.2022 – Еурофарм Пелистер – АЕК Атина

Поединечните билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Ним ќе бидат пуштени во продажба следниот петок (15 октомври)“ – информираат од клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести