Шабан Трстена има порака до македонските спортисти: Колку и да е силен ветерот, планината не се тресе

Најдобриот македонски спортист во 20-тиот век, борачот Шабан Трстена, кој освои златен олимписки медал на ЛОИ во 1984 година и сребро во 1988, преку социјалните мрежи упати совети до македонските спортисти, оние што ќе се појават на Олимпиские игри во Париз, но и останатите кои имаат амбиција да се појават за четири години во Лос Анџелес.

„Утре, официјално започнуваат Олимписките игри 2024 година во Париз, Франција. Со олимписки поздрав до сите млади и стари, се надевам дека ќе поминете убаво и ќе уживате во гледањето на другите земји, чии спортисти заминале на ЛОИ со своите пот и со олимписки норми, а не со вајлд-карти. Затоа и другите земји ќе се радуваат со голема гордост на своите спортисти и херои кои ќе освојуваат победи и медали од Олимписките игри во Париз 2024 година.

Милиони спортисти во светот имаат олимписки соништа, еден од тие бев и јас. Во мојот живот имаше само една цел, да го остварам мојот сон, да бидам шампион како мојот идол Мухамед Али…

Пред 49 години дома немавме телевизор, а во нашето маало имаше еден кафеана каде што имаше ТВ. Таму се собраа многу луѓе, особено кога боксерската легенда Мухамед Али боксуваше, во 1975/76 година, јас и други сиромашни деца се приближивме до кафеаната, но само до прозорецот не ми дозволија да влезам бидејќи бев мал, но не можеа да ме уништат мојот голем сон да тргнам по патот на мојот идол.

Често, кога го гледав него во ТВ ќе си речев: „О Боже мој и јас сакам да бидам шампион како боксерот Мухамед Али, можеби мојата молитва ја слушна брат ми. И така еден ден мојот брат Мухарем како дете го откри мојот талент и за прв пат ме однесе да тренирам борење во 1977 година во спортската сала Партизан во Чаир.

И од тогаш на 12 години имав само една цел во мојот живот, ми требаа само 7 години, за да го остварам мојот сон, па морав да се потпрам на 5 главни услови: дисциплина, голема волја, упорност, вера во Бог, и верба во мојата борбена душа.

Имам една поговорка која вели: Колку и да е силен ветерот, планината не се тресе, такви треба да бидат спортистите. Еден од тие бев и јас, без разлика на тоа колку е тежок патот до успехот, спортистот не треба да падне, туку да остане силен, како камен што може да ја издржи секоја бура.

Фала му на Господ, јас како млад спортист и со моите двајца легендарни тренери Насе Насев и Хајруш Синани заедно издржавме тешкотии, но притоа требаше да поминаме на многу битки и бариери, победи, порази, радости и тага. Само ваквите вистински спортисти се искачуваат на највисокиот спортски пиедстал.

За да ги постигнам овие спортски резултати и успеси, ми требаше еден долг и макотрпен пат, титански напор додека траеја вежбите и подготовките, како трчање по улиците без престан, на сонце, дожд и снег, мачните вежби во ресторански сали, каде што потта течеше како река. Толку многу, што не може да се објасни со зборови.

Не случајно два пати бев прогласен за најдобар борач во светот и во Европа, прогласен сум за спортист на 20-ти век во Македонија, и најдобар спортист во Југославија, и тоа во најголема конкуренција во олимписката година 1984.

Седум пати бев прогласен за најдобар спортист година во Македонија и 10 пати прогласен спортист на Градот Скопје. Добитник сум и на 19 медали од различни нивоа, меѓу кои и на европски и светски шампионати, а многу пати и на медитерански и балкански шампионати.

Ова беше тајната на клучевите на успехот во мојот спортски дух! Тренинг и само тренинг! Одев прв на тренинг, а напуштав последен. Секој ден, ама буквално секој ден тренирав и секогаш имав во мојата детска глава една мисла – кога можеше Мухамед Али, можам и јас да бидам шампион!

Секој млад спортист што тренира треба да има и свој детски сон и да има идол од големите светски имиња.

Нека даде Бог не со вајлд-карти, некои од млади македонски спортисти со својата пот еден ден да станат шампиони на следните Олимписки игри во 2028 во Лос Анџелес.
Затоа нека биде ова мотивација, за млади спортисти и за секој кој сака да успее во својот живот. Со почит Шабан Трстена“, заклучува големиот шампион.

- Оглас -

Најнови вести