Шах-мат на Динамо во три потези (Видео)

Динамо Загреб одигра молневита акција во 28-мата минута и го матираше Розенборг во три потези. Голманот Ливаковиќ одлично и далеку ја дегажираше топката, која беше префрлена до Оршиќ, а напаѓачот рутински го совлада Хансен за 2:0.

Шах-мат во три потези на популарните модри, кои поведоа со гол од пенал на Петковиќ и имаат одлична предност од 2:0 по првото полувреме.

https://www.dailymotion.com/video/x7gzd9o

Динамо предводен од капитенот Аријан Адеми со овој резултат има голема предност засега во двомечот со норвешкиот претставник, а подобриот состав од двата дуели во плејфот ќе игра во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести