Украинците и Холанѓаните се радуваат на елиминацијата на миленичето на Ердоган

Украинците и Холанѓаните имаат причини за многу радост по елиминацијата на Басакшехир во Европа Лигата, откако Турците останаа без претставник во финалната фаза во двете европски клупски натпреварувања. Во трката за коефициенти и позиции во топ-10 кои гарантираат директно учество идната сезона на прваците на овие земји во фазата по групи во Лигата на шампионите ќе настрада Турција.

Моментно Холанѓаните се деветти, Украина е десетта, а Турција е на 11. место според коефициентите на УЕФА, па со елиминацијата на Басакшехир, кој беше последниот турски адут во Европа за оваа сезона, немаат веќе шанси за да ги претркаат двата ривали за во топ-10.

Тоа значи дека идната сезона првакот на Украина и на Холандија ќе играат директно во фазата по групи во Лигата на шампионите, а турскиот првак ќе мора да мине низ квалификациски филтер.

Басакшехир вечерва не успеа да ја задржи предноста од 1:0 од првиот меч против Копенхаген и на „Паркен“ загуби со 3:0, по што се прости од настапите во Европа Лигата.

Во истиот термин од 18.55 часот Шахтар го елиминира Волфсбург со втората победа во двомечот и со вкупен резултат од 5:1 патува во четвртфиналето во ЛЕ, а и донесе и подобрување на коефициентот на Украина, чиј првак бо идната сезона 2020/21 ќе игра директно во фазата по групи во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести