По првото полувреме на двата меча од петтото коло во групната фаза од Лигата на шампионите кои се играат од 18.45 часот е постигнат само еден гол.
Украинскиот Шахтар, кој поради војната во Украина мечевите како домаќин ги игра на „Фолкспаркстадион“ во Хамбург, води со 1:0 против против Антверпен.
Голот за украинскиот тим го постигна Матвиенко во 12-тата минута.
На „Олимпико“ во Рим, Лацио и Селтик по првото полувреме одиграа без голови.