Шахтар за 67 минути прими седум гола, но избегна најтежок пораз во својата историја!

Екипите на Манчестер јунајтед, Јувентус, Феенорд и Севилја се првите четири четвртфиналисти во Лигата на Европа.

Поразот од Баерн Минхен од 0-7 во осминафиналето на Лигата на шампионите во 2015 година останува најтежок пораз во клупската историја на Шахтар, но тимот од Донецк вечерва беше блиску до невидена катастрофа.

По 67 минути, Феенорд водеше со 7-0, а Шахтар даде гол во 87-мата минута и избегна изедначување на негативниот клупски рекорд.

Ова е втора највисока победа на еден холандски клуб во нокаут-меч во европските купови, рекордот е на Ајакс, кој со 10-0 ја има победено Омонија од Кипар.

Јунајтед со голот на годинава на одличниот Рашфорд славеше (1-0) и на реваншот против Бетис, а градскиот ривал на Бетис, Севилја, се протна меѓу осумте најдобри откако загуби само со 0-1 од Фенербахче (погоди Валенсија од пенал), првиот меч го добија Шпанците со 2-0.

Јувентус на гости го совлада Фрајбург со 2-0, стрелци беа Влаховиќ од пенал и Кјеза во самиот финиш на средбата.

- Оглас -

Најнови вести