Шаќири: Бевме подобри, а не одиме понатаму

Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири, беше разочаран по елиминрацијата во Конференциската лига. Шкендија загуби на пенали од АИК Стокхолм, а Шаќири потсети дека фудбалот е игра во која не секогаш подобриот тим се радува на крајот.

„Заслуживме на двата меча со АИК да излеземе како победници, но во фудбалот не секогаш подобриот победува. Јас сум горд на моите играчи, кои покажаа дека знаеме да играме фудбал. За пеналите што да се каже. Тие се среќа и лотарија. АИК е голема екипа, игра на стадион кој вреди 200 милиони евра. Ние градиме екипа на долги патеки. Да, Хасани е разочаран по промашениот пенал, но тој е лидерот на оваа екипа, одиме натаму“, рече Шаќири веднаш по драматичниот меч на кој на крајот се радуваа гостите.

- Оглас -

Најнови вести