Шаќири не сака да игра за репрезентација затоа што Џака е капитен

Швајцарија на гости ремизираше кај Република Ирска и сега има пет бода од три меча во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година. На овој меч во тимот на Швајцарија го немаше Џердан Шаќири. Еден од најдобрите играчи на Швајцарија најавил дека нема да игра, а како причина навел дека сака да остане во Ловерпул и подобро да се подготви за клупските обврски и да се избори за поголема минутажа во редовите на европскиот првак.

Сепак, многу поверојатно е дека Шаќири одбил да игра, бидејќи бил разочаран што тој не ја добил капитенската лента, туку таа му била дадена на Гранит Џака. Капитен на Швајцарија беше Лихштајнер кој се повлече, а селекторот Владимир Петковиќ реши капитенската лента да му ја даде на Џака. Самиот Џака е толерантен и вели дека ако треба ќе му ја отстапи капитенската лента на Шаќири.

„Ако капитенската лента е проблем, ќе седнеме на стол и ќе разговараме. Тој и јас. Ќе му ја дадам лената. Не ми е тоа проблем. Сакам да го дадам најдоброто за тимот“, рече Џака.

Следниот меч Швајцарија ќе го игра задутре на свој терен против Гибралтар.

 

- Оглас -

Најнови вести