Шаќири влезе од клупата и го уништи Манчестер јунајтед (Видео)

Џердан Шаќири е херојот на Ливерпул во дербито против Манчестер јунајтед. Домаќините се радуваат на победа од 3:1 на „Енфилд Роуд“, благодарение на двата погодоци на швајцарскиот репрезентативец.

Ливерпул поведе со голот на Мане во 24 минута, но само девет минути подоцна Џеси Лингард го искористи киксот на голманот на домаќините Алисон Бекер и израмни на 1:1, што беше резултат на полувремето.

Во вториот дел Ливерпул константно напаѓаше, но делуваше немоќно. Тогаш, Јирген Клоп реши во игра кај домаќините да го внесе Џердан Шаќири. Измената ја направи во 70 минута, а веќе во 73 минута, Шаќири донесе радост за домаќините. Погоди за 2:1. Швајцарскиот репрезентативец ги реши сите дилеми во 80 минута кога по втор пат погоди за 3:1, што се покажа и како конечен резултат.

Манчестер јунајтед во второто полувреме речиси да не покажа ништо фудбалско и заслужено загуби. Тактиката на Мурињо да го брани резлтатот од првиот дел (1:1) се покажа како погубна.

Ливерпул со оваа победа повторно се врати на врвот на тавелата во Премиер лигата. По 17 меча, Ливерпул има 14 победи и само три реми, без ниту еден пораз.

https://youtu.be/gpmLFFwqF7M

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

2 КОМЕНТАРИ

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести