Шаќири: Заборавивме на триумфот од првиот меч, утре тргнуваме од 0-0

Шкендија утре го игра реванш-дуелот против Валмиера во второто квалификациско коло од Лигата на конференции, во којшто наместо да се брани резултатот од 2-1 од првиот меч, тетовци ќе одат на нова победа.

Такво сценарио најави тренерот Артим Шаќири.

„Утрешниот меч го дочекуваме максимално подготвени, без разлика што славевме во првиот дуел. Почнуваме од 0-0, нема теорија да се потрпеме на претходниот резултат. Претпоставувам дека нема да ни биде лесно, но ќе покажеме дека заслужено победивме на гостински терен, цел ни е да ја потврдиме таа победа и на наш терен. Со колегите од стручниот штаб работиме на тоа да поставиме игра со која Шкендија ќе биде претпознатлива, не само во овие квалификации туку и во домашното првенство. Не гледаме далеку, се подготвуваме од меч во меч, а овој тим сака да игра офанзивен фудбал и да постигнува многу погодоци. Ние ќе го оствариме она што го зацртавме, оставаме на јавноста да процени кое е нашето ниво во моментов. Што се однесува до противниците, знаеме дека имаат брзи напаѓачи на кои посебно ќе треба да се внимава. За среќа, минатиот пат не беа ефикасни, но ние мора да сме повнимателни. Од навивачите очекувам голема поддршка, а ние да им подариме пласман во следната рунда“, истакна Шаќири.

Реваншот е предвиден да се одигра во Скопје, на Националната арена „Тодор Проески“, со почеток од 20 часот.

- Оглас -

Најнови вести