Шалке 04 ги фати на дело младите илегалци, ќе има строги казни за случајот Оберхаузен

Шалке 04 има многу проблеми во екот на пандемијата со корона-вирусот, а по поразот на сениорскиот тим од Борусија Дортмунд со 0:4, сега и младинците разочараа.

Клубот најави строги казни за младите илегалци кои во неделата играле на турнир во Оберхаузен, секако, без дозвола од раководството.

Во Оберхаузен бил организиран илегален фудбалски турнир што бил договорен преку социјалните мрежи, а учествувал и тим составен од млади играчи на Шалке 04.

Сега има истрага и се бара организаторот на настанот на кој учествувале над 200 фудбалери, а не бил дозволен во период кога пандемијата со ковид-19 сè уште трае.

Од Шалке 04 најавија строги казни за своите младинци кои отпатувале и учествувале на турнирот во Оберхаузен, иако од клубот сè уште немаат дозвола ниту за тренинзи.

- Оглас -

Најнови вести