Шалке 04 изгледа решил сезонава да не победи никого

Мизеријата на Шалке 04 во Бундеслигата продолжи и вечерва, со пораз на свој терен од Фрајбург со 0-2. Двоен стрелец беше Унгарецот Роланд Шалаи, кој до пред овој меч имаше дадено само еден гол.

Фрајбург полека бега од дното и по мини-серијата од две победи по ред, фаќа приклучок кон средината на табелата, но изгледа за Шалке како да нема спас. По 12 кола, очајниот Шалке има само 4 бода, уште не знае за победа сезонава, а на 12-те меча прими 35 гола, што е речиси три во просек по натпревар, што значи дека може да бидат и „задоволни“ со двата примени погодоци.

- Оглас -

Најнови вести