Шалке 04 може да стане аматерски клуб, размислуваат да го продадат стадионот

Некогашниот седумкратен првак на Бундеслигата и полуфиналист на Лигата на шампионите од 2011 година, а сега тим кој се бори за опстанок во втората лига, Шалке 04, се мачи со финансиите откако во зимата 2022 останаа без главниот спонзор, рускиот „Газпром“.

Од Германија доаѓаат драматични најави дека клубот може да стане аматерски (би заминале сите играчи, меѓу кои и нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов бидејќи во тој случај договорите би им биде неважечки) и дека ако се преселат во третата лига, ќе мора да ја продадат убавата „Велтинс арена“ на која играат како домаќини од 2001 година за да ги покријат долговите од 165 милиони евра.

Дури и да обезбедат опстанок во Цвајта, не се знае како ќе најдат финансии за да преживеат.

Тешки времиња за Шалке, клуб чии навивачи се збратимени со вардаровите Комити, а и Вардар е во ситуација во која не би сакал да се наоѓа.

- Оглас -

Најнови вести