Шалке 04 најде замена за Газпром, сега има шанса и пари да го откупи договорот на Чурлинов

Раководството на Шалке 04 најде замена за долгогодишниот спонзор „Газпром“, чиј симбол стоеше на дресовите на бундеслигашот од 2007 и во следните три години замена ќе му биде „Mein.auto.de“.

Основна дејност на новиот спонзор на клубот од Гелзенкирхен е он-лајн продажба на автомобили и фирмата е меѓу побрзо растечките во Германија, со вкупен обрт на годишно нови од 500 милиони евра и има 500 вработени.

Шалке 04 се најде во неочекувана ситуација кога мораше да го раскине договорот со руски Газпром, поради санкциите кон Русија, поради војната во Украина.

Сепак и покрај финансиските проблеми по разделбата со Газпром, клубот успеа да се избори за пласман во Бундеслигата, во што помогна и нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Од таборот на Шалке 04 по завршувањето на сезоната објавија дека немаат пари да го откупат договорот што Дарко го има со Штутгарт, а во прашање се 3 милиони евра.

Со новиот спонзор ситуацијата може да се смени, иако Чурлинов се врати во Штутгарт и на првиот пријателски меч против Цирих постигна и гол, но голем прашалник е дали раководството на Шалке 04 воопшто ќе се обиде да го врати македонскиот репрезентативец, кој за нив играше лани како позајмен фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести