Шалке и Хамбургер ги поделија бодовите а Чурлинов можеше да биде херој (ВИДЕО)

Дарко Чурлинов и неговиот Шалке 04 ремизираа на големото дерби против Хамбургер со 1:1, во рамките на 18- коло од Цвајте Бундеслига.

Македонскиот репрезентативец беше стартер и ги одигра сите 90 минути, но, треба да се каже и дека пропушти златна шанса да донесе израмнување на својот тим.

Дарко во 52-та минута ја украде топката од еден од дефанзивците на Хамбургер и на некаде 11 метри од противничкиот гол го промаши целиот гол.

Сето тоа беше при резултат 1:0 за Хамбургер кој поведе со голот на Глацел и тоа во втората минута.

Израмнувањето дојде преку Итакура во 87-та минута. Сега Шалке има 30 бодови и е на делба на четврттото место во Цвајте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести