Шалке и судијата ја „исклучија“ Борусија од битка за титулата

Шалке 04 како гостин ја победи Борусија Дортмунд со 4-2, со што својот ривал речиси го отпиша од трката за титулата во Бундеслигата. Важноста на мечот и притисокот си го направи своето, па за првпат во историјата, двајца играчи на Борусија беа исклучени на еден ист меч против Шалке. Во 60-та минута поцрвене Ројс, а пет минути подоцна и Волф. Помеѓу двете исклучувања кај домашните, Калиџури даде гол за 3-1, со што ја најав победата на тимот од Гелзенкирхен. На овој резултат му се радува и Баерн, кој утре ако победи кај претпоследниот Нирнберг, ќе има четири бода предност на три кола до крај.

Оваа сезона во Бундеслигата ќе се памети и по два рекорди: по бројот на голови на резервните играчи (засега се 125) и 10 гола постигнати во прва минута од натпреварите. Денеска гол во првата минута даде Фортуна Диселдорф во победата од 4-1 над Вердер. Причина за радост имаа и во Лајпциг, клуб кој го обезбеди третото место на табелата, со тоа и учество во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести