Шалке има тактика: ако не примиш гол, не може да загубиш, четврти меч по ред играат 0-0!

Последнопласираниот тим на табелата во германската Бундеслига, Шалке 04, и четврто коло по ред одигра без голови 0-0.

Овојпат тимот од Гелзенкирхен освои бод на гостувањето кај Унион Берлин, тим кој ако победеше, ќе се искачеше на првата позиција на табелата.

Црвените од Берлин не го издржаа притисокот, не успеаја да победат и да го прескокнат Баерн, па сега се на делба на врвот, а може да им се придружи Борусија Дортмунд ако вечерва ја победи Херта.

Инаку, Шалке и Баерн се единствените два клуба кои не загубиле на гостување кај Унион Берлин откако овој клуб е прволигаш.

- Оглас -

Најнови вести