Шалке ќе го победи Мајнц, ќе биде ефикасно во Саутхемптон

Шалке – Мајнц (фудбал, Германија, прва лига, 20.30 часот)

Тимот од Гелзенкирхен добро ја отвори сезоната, во првите четири кола има само еден пораз, и тоа од Баерн. Мајнц има само три бода кои ги освои во претходното коло и уште се наоѓа во зоната на испаѓање. Шалке е подобар тим и веруваме дека ќе успее да се реваншира за поразот од 0-3 на гостувањето во Мајнц. Инаку, Мајнц не победил на гости кај Шалке од 2011 година, но можеби и ќе даде гол вечерва.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1 & 2-4 (2.70)

 

Калјари – Џенова (фудбал, Италија, Серија А, 20.45 часот)

Ова е дуел на два тима од градови на море, Пандев гостува на островот Сардинија кај ривал кој во минатото коло триумфираше и со голема самодоверба ги чека џеновјаните. Од друга страна, Џенова загуби од Аталанта и за нив заврши позитивниот старт на сезоната. На сите досегашни мечеви на Џенова паѓаа барем три гола и двата тима постигнуваа гол. Калјари само во првото коло не одигра „ГГ и 3+“. Последниот меѓусебен меч во мај заврши 1-1, но тогаш играа во Џенова.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1-3I & 1-3II (1.95)

 

Саутхемптон – Борнмут (фудбал, Англија, Премиер лига, 21.00 часот)

Двата тима имаат по седум бода и се наоѓаат во средината на табелата. Главен проблем за Борнмут е долгата листа од осуммина повредени фудбалери. Домашните немаат такви проблеми, три меча по ред се без пораз, па посакуваат да заминат во горниот дел на табелата. Борнмут никогаш не победил на гостување во пристаништето на југот на Англија, но двапати се вратил непоразен, па традицијата делумно ги фаворизира домашните. Во минатата сезона двете меѓусебни средби завршија нерешено (3-3 и 0-0).

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1Х & 3+ (2.45)

 

Стразбур – Нант (фудбал, Франција, прва лига, 20.45 часот)

Нант е во ситуација со победа привремено да избие на челното место на табелата, а Стразбур уште нема победа и се надева на прекинување на црната низа. Стразбур има три нерешени во петте кола, ќе беа и четири ако Нејмар не дадеше гол со ножички во 90-тата минута, па веројатно и вечерва би се задоволиле со бод против опасниот Нант. Ако се брани, Стразбур може да извлече бод, но ако нападне, тогаш може да настрада. Последното реми на овие тимови било пред 21 година.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (3.25)

 

Осасуна – Бетис (фудбал, Шпанија, прва лига, 19.00 часот)

Осасуна има серија од три нерешени резултати по ред во Примера, уште не знае за пораз, а Бетис имаше лоши изданија во првите две кола, но ја крева формата и полека се извлекува од кризата. Овој меч може да биде почеток на попозитивни ветришта во клубот од Севилја, но може и да ги дозакопа ако загубат од агресивните Баскијци. Кај Бетис, суспендирани се двајца стартери, Вилијам Карвалјо и Лорен.

Предлог тип: 1-2 гола (2.02)

- Оглас -

Најнови вести