Шалке најави битка за ЛШ

Шалке тргна со победа во 2020 година славејќи со сигурни 2-0 против Менхенгладбах во 18-тото коло од Бундеслигата. Тимот од Гелзенкирхен со победата се наметна во битката за топ 4 местата кои водат во Лигата на шампионите.

Домаќините дури во второто полувреме ги освоија трите бода со головите на Сердар во 48-та и Грегорич во 58-та минута.

Шалке сега е на четвртото место со 33 бода, исто колку што има и Баерн Минхен, додека Мехненгладбах пропушти шанса да избие на врвот, а во однос на останатите натпревари може да ја загуби втората позиција.

- Оглас -

Најнови вести