Шалке 04 синоќа со драматична победа обезбеди враќање во Бундеслигата, па разбирлива беше големата радост во Гелзенкирхен. По завршувањето на мечот со Сент Паули, публиката влезе на терен, и тоа неизбежно значеше уништување на дел од тревникот.
Откако сите си заминаа дома, од клубот го фотографираа стадионот, и се гледа како фалат големи парчиња трева, на теренот има многу кеси и шишиња, а головите се речиси уништени, и плус ги нема мрежите.