Шампионот на Шпанија ќе си купи одлично засилување за џабе

Атлетико Мадрид ѝ понуди на Валенсија околу два милиони евра за данскиот репрезентативец Даниел Вас, кој изрази желба да ги напушти популарните Лилјаци.

Вас има 32 години и може да игра на неколку позиции, што му се допаѓа на Чоло Симеоне, и Атлетико Мадрид веднаш реагираше со скромна понуда која веројатно ќе помине и Вас ќе се пресели во Мадрид во редовите на актуелниот шпански шампион.

Данецот има договор со Валенсија до јуни 2022 година и според правилата, може да си бара нов клуб веќе во овој трансфер-период.

Во кариерата од попознатите клубови играше за Брондби, Бенфика, Селта Виго и Валенсија, а за данската репрезентација има 39 настапи со еден гол.

 

- Оглас -

Најнови вести