Шампион и најтрофеен клуб во земјата се најде на дното на табелата, па фудбалерите добија „лекција“ од навивачите

Најтрофејниот полски клуб Легија Варшава игра очајна сезона. Полскиот шампион вчера загуби на гостувањето кај Плоцк со 0:1 и Легија се најде на последното место во домашното првенство.

По 16 одиграни меча, Легија има само четири победи и дури 12 порази, па само со 12 освоени бодови е на дното на табелата. Оваа ситуација во Легија воопшто не им се допадна на најверните навивачи.

Фановите коишто важат за едни од најверните, но и поопасните во Европа, решија да им дадат „лекција“ на фудбалерите. По враќањето од гостувањето кај Плоцк, автобусот со којшто патувале фудбалерите на Легија пред клупската база бил пречекан од налутените навивачи.

Дел од навивачите влегле во автобусот и најпрво започнале вербална расправија со фудбалерите, а потоа неколку играчи биле и физички нападнати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести