Шампион на НБА ја отвори душата: Сакав да се самоубијам и уште размислувам околу тоа

Кевин Лав, ѕвездата на Кливленд кавалирс кој беше шампион на НБА лигата во 2016 година, отворено разговараше околу неговото ментално здравје и борбата со депресијата.

Во интервју со Грем Бесинжер, Лав посочи дека сакал да си одземе животот и повремено уште размислува околу самоубиство.

„Секој човек кој барем еднаш помислил да си го одземе животот сè уште размислува за тоа повремено. Јас научив отворено да зборувам на таа болна тема и сфатив дека ништо не може да ме прогонува повеќе од тоа да не разговарам за работи кои обично се кријат. Многу такви проблеми ги задржав за себе и само си ја влошив состојбата, а знам дека не сум единствен кој се бори со депресија. Кога ќе дојдеш до точка каде што секој ден ти е ист, тогаш доаѓаат самоубиствените мисли. Почнуваш да разсмилуваш како би го сторил тоа, навистина страшен момент. Добро е што кога ќе почнеш да пребаруваш на интернет околу самоубиство, се појавува Националниот центар за спречување на самоубиства. Во 2012 година доста често размислував да си го одземам животот и планирав како да го сторам тоа, за среќа не собрав храброст“, посочи Лав.

- Оглас -

Најнови вести