Шампионите на Бугарија и Швајцарија ќе победат

6732 Црвена ѕвезда – Каират (20:30 ч.)

По 48 меча и точно девет месеци, Црвена ѕвезда загуби меч, и тоа на гости кај Каират во квалификациите за ЛШ. Шампионот на Казахстан победи со 2:1, но сега пред реваншот се соочува со големи проблеми. Неколку играчи на гостите се позитивни на корона-вирусот и нема да играат во Белград.

На Ѕвезда ќе ѝ требаат два гола за да оди понатаму затоа што победа од 1:0 нема да гарантира место понатаму откако УЕФА го укина правилото за гол на гости.

Предлог тип: T11+I&1+ II (2.35)

 

6729 Галатасарај – ПСВ Ајндховен (20 ч.)

Холандскиот гигант по првите 90 минути се стекна со убедлива предност од 5:1, па ќе биде вистинско чудо Галатасарај да оди понатаму. Турците нема да има што да калкулираат и ќе мора од првата минута да играат отворено. Тоа треба да создаде шанси и за гостите, па може да очекуваме ново шоу со погодоци.

На последните шест меча на Галатасарај во просек имаше повеќе од четири гола и секогаш се тресеа мрежите на двата тима.

Предлог тип: ГГ3+ (1.80)

 

6733 Спарта Прага – Рапид Виена (20:30 ч.)

Ова може да биде еден од најнеизвесните мечеви за тоа кој ќе оди понатаму. Рапид ја искористи предноста на домашен терен и победи со 2:1, а сега Спарта е фаворит. Делува неверојатно, но кога игра Спарта, на последните 18 меча дури 15 пати било со минимум четири погодоци, трипати имало по три гола и само еднаш било 0-2 гола.

Овие два тима играле шест меча и секогаш имало барем по два гола. Така треба да биде и вечерва во Прага.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.65)

 

6730 Лудогорец – Мура (20 ч.)

Бугарскиот првак е апсолутен фаворит за пласман во следното коло, но Мура на првиот меч покажа дека нема лесно да се предаде. Лудогорец има посебно цврста одбрана и на последните шест меча има примено само еден гол.

Мура очајно започна во домашното првенство и нема ниеден бод по две кола, а реално толку треба да е силата на шампионот на Словенија.

Предлог тип: 1&0-3 (2.05)

 

6731 Јанг бојс – Слован Братислава (20:15 ч.)

Првиот меч заврши без голови, па сега едноставно мора да има победник. Ремито со голови нема да значи дека гостите одат понатаму, но се очекува Јанг бојс да го искористи домашниот терен и да слави.

Швајцарскиот тим негува офанзивна игра и сигурно нема да одигра два меча без погодок.

Предлог тип: 1&3+ (2.12)

 

- Оглас -

Најнови вести