Шампионите од Торонто го прегазија ѕвездениот тим на Лејкерс (Видео)

Шампионот Торонто ги прегази кандидатите за титулата Лос Анџелес лејкерс со 107:92 во првиот меч за нив во НБА по рестартот на сезоната.

Кајл Лаури беспрекорно го предводеше тимот до победнички кам-бек со 33 поени и рекордни за него во кариерата 14 скока.

Торонто нема проблеми со ѕвездениот тим од Ел-Еј и го победи 11-ти пат по ред. Леброн Џејмс постигна 20 поени со 10 скока, а слаб беше Дејвис со само 14 поени, откако на првиот меч по рестартот постигна 34 во победата против градскиот ривал Клиперс.

https://twitter.com/NBA/status/1289765158521311234?s=20

Ноќеска падна и првата 50-ка по рестартот на сезоната, а Ти-Џеј Ворен беше феноменален со 53 поени во победата на Индијана пејсерс против Филаделфија 76 со 127:121.

Ворен погоди дури 9 тројки од 12 обиди и се израмни со Стефон Кари и Клеј Томпсон во една интересна комбинирана статистичка категорија.

Одлични беа и Лос Анџелес клиперс во триумфот од 126:103 против Њу Орлеанс пеликанс. Предводени од еден од најдобрите шутери во Лигата, Пол Џорџ Клиперс го урнаа клупскиот рекорд со 25 тројки од 47 обиди.

Ги погодија стартните шест на мечот, а потоа продолжија да го решетаат кошот на ривалот. Џорџ погоди 8 од 11 обиди за три поени и беше најефикасен на мечот со 28 поени.

Кавај Ленард го следеше со 24 поени, а скромен беше Зајон Вилијамсон со 7 поени за поразениот тим, најмалку откако игра за Њу Орлеанс.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести