Шампионите прашуваат: Да не сме скарани? Кајл Вокер ќе го „убиеше“ Бернардо Силва со фрлање од аут (Видео)

Многу интересен момент се случи на дербито меѓу Челзи и Манчестер сити, а во главната улога беше репрезентативецот на Англија и бек на гостите, Кајл Вокер.

Тој изведе аут на необичен начин, со многу силно исфрлање на топката кон Бернардо Силва, иако Португалецот беше блиску до него и се движеше кон него.

Топката за среќа го утна Силва, односно тој во последен миг го ескивираше сигурниот удар во главата.

Kyle walker throw in at Bernardo silva from soccer

Веднаш на социјалните мрежи видеото стана хит, а дел од коментарите на навивачите на Манчестер сити, кои и не се задоволни од настапот во дербито почнаа со прашања „Да не сме скарани“?.

По нешто повеќе од еден час игра резултатот во Лондон е 0:0.

 

- Оглас -

Најнови вести