Шампионот мора да победи, а клучно ќе биде дали ќе игра ѕвездата во тимот

Лос Анџелес лејкерс е пред голем предизвик. Актуелниот НБА-првак е пред елиминација, и тоа во првото коло од плејофот затоа што губи со 3:2 во победи против Феникс санс. Лејкерси верчва играат на свој терен во „Стејплс центарот“ и победата е единствена опција за домаќините.

Сепак, Феникс успеа еднаш да се радува на гостински терен и сега Сонцата имаат меч-топка за да го елиминираат шампионот. Во досега одиграните пет меча, се виде што е еден од главните фактори за тоа кој ќе победи. Многу ќе биде важно дали кај Лејкерс во тимот ќе биде Ентони Дејвис.

Дејвис, кој заедно со Леброн Џејмс се главни играчи на Лејкерс, се повреди на четвртиот меч и воопшто не играше на петтата средба. Откако Дејвис се повреди и излезе од теренот, Феникс беше доминантен и во шесте четвртини кои ги одиграа, сметајќи дел од четвртиот меч и цела петта средба, резултатот е 161:127 во корист на Сонцата. Лејкерс без Дејвис во просек дава само по 22 поени во четвртина, што секако е премалку ако сака да се надева на победа вечерва.

Според најавите, Дејвис се чувствува подобро, но уште е неизвесно дали ќе може да настапи вечерва. Според коефициентите во Sport Life, Лејкерс има предност за да стигне до победа и да израмни на 3:3, но сигурно Феникс ќе се обиде да ја заврши работата на гостински терен и да го елиминира НБА шампионот.

Освен дуелот во „Стејплс центарот“, вечерва во НБА ќе играат и Портланд и Денвер, а и тука ситуацијата е иста. Домаќините мора да победат ако сакаат да останат во игра и да израмнат на 3:3, додека Денвер со триумф ќе обезбеди место во следната фаза од плејофот.

 

- Оглас -

Најнови вести