Шампионот на Фарски Острови приреди сензација, го елиминира шведскиот првак и тоа на пенали

Екипите на Сервет и на Клаксвик приредија изненадување и обезбедија пласман во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите, откако по пенал-рулетот беа подобри од Генк и Хакен.

Вистинска сензација претставува пласманот во следната рунда на шампионот на Фарски Острови, Клаксвик, кој го елиминира шведскиот првак Хакен.

Во реваншот кој се играше во Шведска, Хакен и Клаксвик заврши 2:2, и поради ремито без голови од првиот меч, мечот замина во продолженијата од двапати по 15 минути. Во нив, Хакен преку голот на Садик во 106-та минута поведе со 3:3, но Клаксвик само три минути подоцна израмни преку Гусиас, по што мечот замина во пенал-рулетот.

Во првите три серии играчите на двата тима беа прецизни, потоа промашија во четвртата, а Сандберг не погоди за Хакен во петтата. На спротивната страна Форен беше прецизен и го однесе својот тим во следната рунда каде го чека двомеч со норвешкиот шампион Молде.

И Сервет преку пеналите обезбеди пласман во следната рунда. Швајцарскиот тим одигра 2:2 во регуларните 90 минути на гостувањето кај Генк, по што патникот во третото коло го одлучуваа пеналите. Во пенал-рулетот, домашниот тим промаши два пенали, додека играчите на Сервет беа сигурни и си закажаа пресметка со Ренџерс во третата квалификациска рунда.

Продолженија играа и Макаби Хаифа и Шериф Тираспол, но тука израелскиот шампион ја заврши работата. Во регуларното време беше 2:1 за Макаби кој минимално загуби на првиот меч (0:1). Во продолженијата Израелците дадоа два гола и се пласираа во следната рунда.

Ефикасен натпревар се играше на „Паркен“ стадионот каде Копенхаген со 6:3 го совлада исландскиот првак Бреидаблик и се пласира во следната рунда.

- Оглас -

Најнови вести