Шампионот на Саудиска Арабија му врачи отказ на тренерот!

Екипата на Ал-Итихад од Саудиска Арабија му врачи отказ на тренерот Нуно Еспирито Санто откако клубот влезе во серија од пет натпревари без победа, но и поради недоразбирања на релација помеѓу португалскиот тренер и најголемата ѕвезда на тимот, Карим Бензема.

Него привремено ќе го замени досегашниот помошник во стручниот штаб, Хасан Калифа, а клубот е во потрага по нов тренер, кој се шпекулира дека ќе биде Французин и по желба на Бензема.

Отказот за Португалецот следува по сензационалниот пораз во азиската Лига на шампиони од екипата на Ал-Кува Ал-Џавија од Ирак. Нуно Еспирито Санто во својата тренерска кариера ги водеше Рио Аве, Порто, Валенсија, Вулверхемптон и Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести