Шампионот Наполи е бледа сенка од минатата сезона, може да биде среќен што не загуби од Монца

Наполи одигра разочарувачки на својот „Диего Армандо Марадона“ и на крајот може да е задоволен што освои само еден бод на дуелот против Монца, во меч од 18 коло на Серија А. Актуелниот италијански првак освои само 28 бодови и е на седмото место на табелата со дури 16 бодови помалку од лидерот Интер, кој вечерва ќе гостува кај Џенова.

Шампионот постојано напаѓаше против Монца, упати дури 25 шута кон голот на гостите, од кои девет беа во рамките на голот, но не ја затресоа мрежата на ривалот. Домаќините изведоа и 10 корнери, но иако имаа доминација, на крајот може да се задоволни што не загубија затоа што Монца во 68 минута имаше шанса да погоди од пенал. Песина шутираше од белата точка, но голманот на Наполи успеа да одбрани.

Во вториот меч кој се одигра денеска, Фиорентина со 1:0 го победи Торино.

- Оглас -

Најнови вести