Шампионот од 2019 година подготвува сензационална трампа во НБА

Торонто репторс е подготвен да го замени стартниот бек Кајл Лаури, кој беше еден од главните алки во шампионската постава на тимот што ја освои историската титула во НБА во 2019 година.

Рептилите имаат скромен старт во новата сезона со повеќе порази, 15, од победи, 12, и сакаат да сменат нешто во тимот.

Лаури е еден од најдобрите бекови во Лигата и има вредност за „тргување“ на НБА-пазарот во мини-преодниот рок месецов и веднаш реагираа неколку тимови.

Лос Анџелес клипрес, Мајами хит, Орландо меџик, Сан Антонио спарс и Њу Орлеанс пеликанс се заинтересирани во евентуална трампа на играчи да го доведат олстар-бекот на Торонто.

Репторс ќе му дадат поголем простор на Фред Ван Флит, кој игра одлично сезонава и би бил главен плејмејкер, а поголема минутажа би добил и Малачи Флин, кошаркар што Торонто го одбра како свој најдобар пик на драфтот во 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести