Шампионот остана без компас, поразен и од Торонто

Торонто мејплс лифс ја оствари 30-тата победа совладувајќи го тимот на Вашингтон капитолс со 6-3. Актуелниот шампион на НХЛ го претрпе седмиот пораз во низа, на четири меча од нив Вашингтон дозволи шест или повеќе гола во својата мрежа.

По израмнетите сили во првата третина, Зајцев и Метјуз се погрижија за Торонто да влезе со предност во решавачките 20 минути. Откако Кадри го постигна својот прв гол на мечот во првиот период, хокеарот на Торонто беше еден од главните играчи за победата бидејќи во последната третина го оствари својот хет-трик.

Резултати НХЛ:

Торонто мејпл лифс – Вашингтон капитолс 6-3

Монтреал канадиенс – Аризона којотс 2-1

Колорадо аваланш – Минесота вајлд 2-5

Анахејм дакс – Сет Луис блус 1-5

Вегас голден најтс – Нешвил предаторс 1-2

Ванкувер канукс – Каролина хурикејнс 2-5

- Оглас -

Најнови вести