Шампионот овојпат немаше милост кон ПАО

За разлика од драматичниот меч пред два дена, Реал Мадрид овојпат немаше проблеми против Панатинаикос и запиша убедлив триумф од 78:63. Актуелниот европски шампион сега има 2-0 во четвртфиналната серија против грчкиот тим, а во Атина ќе бркаат „метла“ и пласман на фанл-форот во Евролигата.

Домаќините најавија доминација во првите 10 минути и го освоија воведниот период со 21-8. ПАО за момент се врати во игра и ја врати негативата на едноцифрен број на поени пред паузата. Сепак, следуваа нови фуриозни 10 минути на „кралевите“ и во последниот период влегоа со сигурни +20 поени предност. Напорите на грчката екипа не се исплатија на крајот, Реал одговори на секој нивен напад и без мака дојде до втората победа.

Од редовите на Реал, најмногу се истакна Кампацо со 13 поени, 9 асистенции и 7 скока, додека Тејлор заврши со 11 поени, а Рендолф реализираше 10 поени. На другата страна Томас со 13 поени беше најефикасен, 10 поени беа дело на Килпатрик.

На 23 април ќе се одигра третиот четвртфинален меч меѓу Реал и ПАО, серијата се сели во Атина.

- Оглас -

Најнови вести